Брза ледена торта со пишкоти: Сè е готово за 15 минути!

Loading...

Во секое време е добредојден некој лесен, вкусен и брз рецепт. Еве со што да ги израдувате денеска вашите најблиски, после напорниот работен ден.
Состојки:
– 150 гр. кекс или пишкоти
– 2 пудинга од карамела
– 100 гр. чоколадо
– 600 мл. млеко
– 1 лажица мед
– 1 крем шлаг

Подготовка:
Загрејте го млекото до вриење и сварете го пудингот, па додадете го чоколадото и соединете ги. Во пудингот додадете ги искршените бисквити или пишкотите и измешајте.
Во помала тепсија ставете фолија и истурете го тестото, па израмнете. Покријте го горниот дел со фолија и оставете добро да се излади.
Превртете на послужавник и извадете ја фолијата. Украсете со шлаг кремот. Послужете откако добро ќе се излади.

loading...