Брза посна торта

600 мл сок од портокал
500 г посни бисквити
3 лажици шеќер
80 г пудинг со ванила
250 г посен маргарин
200 г желе бонбони
200 г ореви
250 г посно чоколадо
3 лажици масло
2 кесички шлаг
200 мл вода
Се меша пудингот со шеќерот и се додава малку сок за да нема грутки. Остатокот од сокот се става да врие и се вари во него пудингот и се меша додека се згусне.
Се додава исечениот маргарин и се меша да се стопи, па се трга од оган да се лади смесата.
Исечете ги желе бонбоните, 100 г чоколадо и оревите, и ставете ги во длабок сад. Бисквитите ситно искршете ги и додадете ги во садот. Потоа додадете го изладениот пудинг и измешајте.
Нанесете ја смесата на чинија за торта, израмнете и оставете да се стегне преку ноќ во фрижидер.
Преостанатото чоколадо растопете го со маслото и нанесете го преливот на тортата. Откако ќе се стегне украсете со изматен шлаг и исечете на парчиња.