Брза тава со ориз и мелено месо

Loading...

3 пиперки бабури (две црвени и една жолта)
350гр. јунешко мелено месо
1 главица кромид
1 чешне лук
1 лажичка орегано
1/2 лажичка мелен црвен пипер
на вкус сол, бибер
400гр. пасирани домати (конзерва)
125мл. зеленчукова бистра супа
150мл. вода
250гр. интегрален ориз (долго зрно) или бел ориз

Пиперките исечете ги покрупно на коцки и ставете ги да се пржат на врел зејтин. Се пржат кратко, колку малку да омекнат и се тргаат на страна.
Во истата тава ставете малку зејтин и ставете го меленото месо да се пржи. Штом ќе ја смени бојата, додадете го сечканиот кромид и лук и продолжете со пржење. Додадете го ореганото и црвениот пипер, насолете и набиберете на вкус. Ставете ги пасираните домати, супата и водата и оставете да зоврие. Додадете го оризот, намалете ја температурата на ниска, поклопете со капак и оставете така да се вари 15-20 минути во зависност од тоа каков ориз користите. По потреба додадете вода за оризот да се свари. Две минути пред крајот, ставете ги пиперките одозгора во тавата, поклопете, и продолжете со варење. Кога е готово, промешајте и послужете.
Се служи со додаток на густ јогурт или како во мојов случај, со домашно кисело млеко.
На здравје!

loading...