Брза торта со вишни и пишкоти

2 пакувања пишкоти (30 парчиња)
600 мл слатка павлака
200 г шеќер во прав
600 г вишни без семки
2 шлага
1. Се матат павлаката и шеќерот убаво.
2. Потоа се реди еден ред пишкоти (5х3), одозгора се става една третина павлака и се редат вишните.
3. Повторно се става павлака, се редат останатите 15 пишкоти, се става остатокот од павлаката и одозгора се става изматениот шлаг.
Убаво изладете ја и уживајте во прекрасниот вкус на овој лесен десерт.