Брзината на пишување го открива Вашиот карактер!

Дали знаевте дека можете да дознаете нешто за себе, на основа на брзината со која пишувате, а не само на основата на ракописот? Вклучете штоперица и пишувајте една иста реченица, една минута, потоа пребројте ги резултатите и прочитајте…

Брзината на пишување го открива Вашиот карактер!

Навистина бавно пишување – Помалку од 100 букви во минута, укажуваат на доста мирна, чувствителна и внимателна личност. Овие луѓе се доста аналитични и пасивни и тешко е да ги импресионирате.

Бавно пишување – Помеѓу 100 и 130 букви во минута укажуваат на доста интелигентна личност, внимателен набљудувач кој се прилагодува на условите во средината, според свои потреби. Имаат одлична меморија и ведар дух.

Пишување со средна брзина – Луѓето што пишуваат помеѓу 130 и 170 букви во  минута имаат балансиран карактер. Поседуваат добро развиени социјални вештини и одлична смисла за организација.

Брзо пишување – 170 до 200 букви во минута, откриваат личност која брзо мисли, има одлични идеи и јасно може да ги согледа сите димензии на одредеен проблем, на прв поглед. Овие луѓе не поднесуваат монотонија и обично се родени лидери.

Супер брзо пишување – Преку 200 букви во минута пишуваат луѓето кои имаат неверојатно остар и бистар ум, но понекогаш се површни и непрецизни. Љубопитни се, нетрпеливи и често се занимаваат со уметност. Лесно е да ги воодушевите, уште полесно да ги разочарате…

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.