Брзи лазањи со тортиљи – рецепт во кој нема место за грешка

Loading...

Сакате лазањи, но целиот хаос кој го правите во кујната не ви изгледа како премногу привлечна идеја? Воопшто не ве обвинуваме. Оригиналниот рецепт подразбира подготовка и на бешамел сос кој исто така одзема време, а рецептот лесно може да не ви се погоди.
За среќа, имаме едноставен рецепт во кој речиси не постои место за грешки. Подгответе брза лазања со тортиљи.
Потребно ви е:
6 тортиљи
300 g мелено месо
1 главица кромид
1 лукче
500 g доматен сос
400 g неутрална павлака за готвење
200 g кашкавал
Сол и бибер
*По избор: Зеленчуци или маслинки


Начин на подготовка:
1. На загреано масло пропржете го исечакниот кромид заедно со лукчето, па додадете го меленото месо.
2. Кога месото ќе се испржи, додадете го сосот од домати, зачинете по вкус со сол и бибер или вашиот омилен зачин. (Пред да го додадете сосот од домати, доколку имате желба, може да додадете некој зеленчук како пиперка или малку маслинки).
3. Оставете го да се крчка додека добро не се згусне.
4. Во округло тавче за печење ставете една тортиља, па нанесете од сосот со месо. Прелијте со павлака, па ставете рендан кашкавал. Продолжете со истата постапка додека не го потрошите целиот материјал.
5. Лазањата прелијте ја со павлака, нанесете рендан кашкавал и оригано најгоре и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.
*Доколку сакате, може да употребите и помалку тортиљи, а повеќе фил со цел да добиете побогат вкус.

loading...