Брзо, а многу вкусно: Похувани банани

Loading...

Овој кинески десерт брзо се подготвува, а вкусот е магичен.
Треба да знаете дека треба прво да ги измешате сувите состојки, а потоа да додадете вода, и на крајот во смесата да ги додадете бананите.
Додека маслото се загрева, бананите валкајте ги во брашно, а потоа во смесата.


Потребни состојки:
3 банани
2 лажици брашно
1 лажица пециво
малку сода бикарбона
сол
вода
масло
Измешајте го брашното со прашокот во печиво, содата бикарбона и солта.
Додајте малку вода така што ќе добиете густа смеса, околу половина шолјичка.
Водата ставајте ја многу постепено.
Бананите валкајте ги во брашно, а потоа во смесата.
Пржете во загреано масло.
На крајот можете да послужите со мед, сладолед или џем.

loading...