Брз вкусен колач од смокви

Loading...

Овој колач од смокви и бадемово брашно е добро урамнотежен, благ, но не премногу, сочен, а сепак цврст. Смоквите одозгора му даваат интересен рустикален изглед. Благодарение на состојките од кои се прави, погоден е за безглутенската и палео исхрана, како и за исхраната без житарици и млечни производи. Доволно е здрав за да се јаде и за појадок, а не само како десерт.
Потребни состојки:
3 големи јајца
60 мл кокосово масло
120 јаворов или агава сируп
1 ½ лажичка екстракт од бадем
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка јаболков оцет или лимонов сок
240 грама бадемово брашно
½ лажичка сода бикарбона
6 зрели сечкани смокви


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и обложете го калапот за торта со хартија за печење.
Ставете ги сите состојки освен смоквите во блендер и матете на силно. Смесата ќе биде многу густа.
Во подготвениот калап сипете го тестото. Одозгора наредете ги смоквите, благо притискајќи ги во тестото.
Ставете го колачот во претходно загреана рерна и печете 20-25 минути додека тестото не добие златно-кафена боја.
Исклучете ја рерната, но оставете го колачот да седи внатре уште 10-15 минути.
Оставете го колачот да се олади 30 минути пред да го извадите од калапот.
Послужете го со свежи смокви и по желба додајте ореви, прелив од мед или нешто слично.
Напомени:
Ако не сте љубители на вкусот на бадем, можете да го изоставите бадемовиот екстракт и за сметка на тоа да додадете повеќе екстракт од ванила.
Кокосовото масло може да се замени со растопен путер или маслиново масло.
Наместо свежи смокви може де се искористи кое било друго овошје како праски, кајсии, круши, јагоди или боровинки..

loading...