Брз десерт од круши

Loading...

4 средни круши
30 г шеќер
50 мл вода
1 ванилин шеќер
2 лажици бел ликер
2 лажици лимонов сок
1 лажичка цимет
50 г чоколадо
100 мл слатка павлака
Крушите излупете ги и отстранете им ги семките. Накапете ги со лимонов сок и ставете ги во тава. Наросете ги со шеќер, ванилин шеќер и цимет. Накапете ги со ликер и прелијте ги со вода. Печете ги 5-6 минути на 180 степени.
Чоколадото растопете го и додадете ја павлаката. Исклучете ја ринглата и непрекинато мешајќи загревајте го преливот 2 минути.
На испечените круши нанесете го топлиот прелив.

 

 

loading...