Брз кето колач: Совршен за дијабетичари и за оние што сакаат да ослабнат

Loading...

Сакате да го израдувате вашето семејство со едноставен за подготвување колач? Имаме понеделнички предлог за вас.
Состојки:
– 4 јајца
– 6 таблети вештачки засладувач за дијабетичари
– 150 гр. мелени ореви (лешници, бадеми)
– 50гр. кокос (кокосово брашно)
– 1 лажица какао
За глазура:
– 80 гр. чоколадо со најмалку 80% какао без шеќер и засладувачи
– 200 мл. павлака за готвење, исклучиво млечна
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 200 степени за да се загрее. Изматете ги белките со додавање на скршени таблети. Кога белките ќе се зацврстат, додадете ги жолчките и изматете. Потоа додадете мелени ореви и кокос и соединете со шпатула.
Ставете хартија за печење во мала тава (може да има дијаметар од 20 см) и истурете ја смесата. Печете околу 20 минути, проверувајќи со чепкалка за заби.
Направете глазура: Загрејте ја павлаката до вриење и прелијте ја со скршеното чоколадо. Мешајте додека не се раствори целосно и соединете со павлаката. Количината на слатката павлака може да биде помала, а потоа вкусот на чоколадото ќе се чувствува посилно.
Премачкајте ја тортата богато откако колачот и чоколадото малку ќе се изладат. Уживајте!

loading...
Loading...