Брз колач со капини

400 г пишкоти
800 мл кисела павлака
8 лажици шеќер во прав
700 г капини
150 мл слатка павлака
1 кесичка шлаг крем
100 мл млеко
Во подлабока тава навлажнета со вода наредете еден ред пишкоти.
Во длабок сад ставете ги киселата павлака и шеќерот во прав. Со лажица измешајте ги за да се соединат. Додадете ги цврсто изматената слатка павлака и капините. Убаво измешајте, нанесете врз пишкотите и израмнете го филот. Врз филот наредете ги преостанатите пишкоти и прекријте со изматениот шлаг крем. Оставете го колачот во фрижидер да одстои преку ноќ за да се стегне филот, вкусовите да се соединат, а пишкотите да омекнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.