БРЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКИ

Loading...

Состојки
3 јајца
прстофат сол
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
180 гр павлака
150 мл масло
110 гр брашно
1 прашок за печиво
4 јаболки
половина лимон
4 лажици џем по избор
Подготовка
Јајцата, солта, шеќерот и ванилиниот шеќер добро измешајте ги, додадете јогурт и масло, добро измешајте, на крајот додадете го просеаното брашно со прашок за печиво, се добро соединете.
Округлиот калап за печење обложете го со хартија за печење, истурете ја мешавината и порамнете. Јаболките преполовете ги, излупете ја кората и извадете ги семките, засечете го секое јаболче како “лепеза”, но не до крај. На работ од бисквитот поредете ги јаболките и посипете ги со лимонов сок за да не потемнат. Печете 20 минути на 180 степени. Кога е испечен, премачкајте го со џем и вратете го во рерната на 2 минути

loading...
Loading...