Британскиот амбасадор бара надминување на политичката криза

Loading...

Решение на политичката криза што е можно поскоро, побара британскиот амбасадор Кристофер Ивон, кој во средата присуствуваше на презентација на резултатите од проектот „Градење капацитети на Министерството за образование и наука за професионални квалификации”.

Жално е, според него, ако не дојде до надминување на проблемите и се загрози европскиот пат на земјата.
„Од извонредна важност е политичките несогласувања итно да се решат, зашто ако не се случи тоа, ќе биде жално да се загрози европскиот пат на Македонија, за кој земјата има постојан поттик од Велика Британија. Затоа апелираме ова побрзо да се реши. Велика Британија гледа на Македонија како на идна земја-членка на Унијата. Членството ќе донесе значителни бенефиции и поволности за сите граѓани на државата. Поради тоа, ние го поттикнуваме решението на оваа криза што е можно поскоро”, изјави амбасадорот Ивон.
Макфакс
Решение на политичката криза што е можно поскоро, побара британскиот амбасадор Кристофер Ивон,

loading...
Loading...