Британскиот Парламент повторно гласаше против Брегзит


Британските пратеници по втор пат го одбија договорот на премиерката Тереза Меј и ЕУ за Брегзит. Против договорот за Брегзит гласаа 391 пратеници , а за излез на Британија од ЕУ гласаа 242 пратеници. Разликата овојпат беше помала за разлика од јануари, кога за првпат го одбија Договорот за Брегзит.
Премиерката Тереза Меј рече дека претстои уште едно гласање за тоа дали Британија да си замине од ЕУ на 29 март без договор или да се одложи Брегзитот на неодредено. Таа рече дека Унијата треба да знае колку би траело пролонгирањето на Брегзитот.
Според опозицискиот лидер Џереми Корбин, поразот на Меј значи дека таа мора да побара предвремени парламентарни избори.
Премиерката пред гласањето изјави дека доколку и овојпат пратениците не го изгласаат подобрениот Договор за Брегизт, се соочуваат со одговорноста Британија воопшто да не ја напушти ЕУ.