Бритни ја раскина свршувачката

Loading...

Помина малку подолго од една година откако Бритни Спирс и нејзиниот поранешен партнер, агентот Џејсон Травик ја објавија нивната свршувачка. Заедно беа од 2009година, и се чинеше дека пејачката сите трауматски денови на напади врз папараците, врски со несигурни ликови, престоите во психијатриски клиники и се останато низ кое помина таа, ги остави зад себе. Џејсон се чинеше како тип кој не е гладен за слава, добро се сложуваше со синовите на Бритни,па сите аплаудираа на нивната врска.
Сепак, дојде тажниот момент: во последните неколку недели, Спирс и Травик не успејаа да се разберат меѓусебно, а недоразбирањата дошле до тој степен да тие заклучат дека е подобро да прекинат и секој да оди по свој пат. Травик со Бритни ги прекина како приватните, така и деловните односи. Но, како што велат тие, останале пријатели.Помина малку подолго од една година откако Бритни Спирс и нејзиниот поранешен партнер, агентот Џејсон Травик ја објави

loading...