Брлогот открива уште една агенција за обезбедување поврзана со ВМРО-ДПМНЕ

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни работи да истражи уште една агенција за обезбедување.

Во продолжение неговата објава на Фејсбук:

Почитувани,

Ве замолувам за итна и детална контрола на работата на одредена агенција за обезбедување, чие име (ГАРДА или АВАНГАРДА) се уште е нејасно и под знак прашалник. Ве повикувам да побарате и прегледате Дневникот за дневни настани за изминатите месеци од моментот на потпишување на договорот со истата.

Клучни прашања:

Кој бил на смена и кога?

Дали агенцијата е навистина “ГАРДА” или “АВАНГАРДА”?

Дали се извршувани реални смени или постои фиктивна активност?

Постојат сериозни индиции за нерегуларности кои бараат ваша професионална реакција. Верувам дека ќе препознаете сериозноста на ситуацијата и ќе преземете соодветни законски мерки.

П.С. Верувајте, никој не би сакал да се потврди поврзаност на оваа агенција со структури од актуелната власт.

П.П.С. Доколку сметате дека ова е недоволно за иницирање на постапка, стојам целосно на располагање за дополнителни информации, докази и сведоштва.

Граѓаните не молчат – ја бараат вистината.

Друштво, откриваме кримин – ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!

👉 Споделувајте! Нека допре до јавноста. – стои во објавата.

Пронајдете не на следниве мрежи: