БРОЈКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА: Пратеничките од СДС и ДПМНЕ од Гевгелија наплатиле 474.573 ДЕНАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ

ПРАТЕНИЧКИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА АНГЕЛИНКА ПЕТКОВА И МАРИЈА КОСТАДИНОВА ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ СИ НАПЛАТИЛЕ 474 573 ДЕНАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ, велат од ЛО на Левица Гевгелија.

Дали некогаш сте слушнале за било каква донација од народните избраници??

За нив нема криза. За нив нема идеолошки разлики. За нив има ист однос кон народните пари. Овие бројки се повеќе од вчудовидувачки, посебно во време на ваква криза и инфлација…
БРОЈКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА: Пратеничките од СДС и ДПМНЕ од Гевгелија наплатиле 474.573 ДЕНАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ

– Пратеничките од СДС и ДПМНЕ од Гевгелија, Ангелинка Петкова и Марија Костадинова, во време на криза, продолжуваат со праксата да си наплаќаат патни трошоци. Истите продолжуваат со оваа расипничка пракса и покрај тоа што со закон јавниот транспорт им е бесплатен и не мораат да наплаќаат патни трошоци.

Oбични работници плати како нивните може да имаат само на сон, пари за патни трошоци не можат да добијат дури ни на сон, а и немаат бесплатен јавен транспорт каков што законски им следува на пратениците.

Марија Костадинова од СДС, која беше една од предлагачите на измените на законот со кои се предвидуваше кратење на студентскиот оброк, во последните осум месеци си наплатила 117 857 денари.

Ангелинка Петкова од ДПМНЕ си наплатила три пати повеќе за истиот период, односно си наплатила сума од 356 716 денари.

Пратениците на Левица, како анти-естаблишмент партија, имаат НУЛА трошоци, а пратениците на СДС и ДУИ гласаа против предлогот на Левица за укинување на патни трошоци иако тоа беше ветување на СДС во 2017 година, велат од огранокот на Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.