Бројот жртви во урнатата зграда во Бангладеш над 900, нови во пожар во текстилен погон

Loading...

Бројот на смртно настраданите во најтешката индустриска несреќа во Бангладеш во четвртокот достигна 912, јавува Associated Press повикувајќи се на воени извори кои раководат со операцијата на потрага по евентуално преживеаните, а истовремено AFP јавува за нова несреќа во текстилна фабрика во предградие на престолнината Дака во која засега се пријавени осум жртви.Меѓу загинатите во пожарот што избил околу 3 часот по полноќ по локално време е и сопственикот на текстилниот погон. Сé уште не се знае причината за пожарот што избувнал во 11-катна станбена зграда откако завршило работното време на 300-те работници.„Работниците не биле во фабриката Тунг Хаи кога избувнал пожарот. Иако беше силен, успеавме да го локализираме на истиот кат“, изјавил за AFP портпаролот на противпожарната служба Махбубур Рахман, додавајќи дека повеќето од жртвите починале од задушување со чад.Поради големата несреќа во осумкатниот комплекс „Рана Плаза” во предградието Саваре на бангладешката престолнина Дака кој се урна на 24-ти април во моментот кога во него имало 3.122 работника, ангажирани во неколкуте текстилни погони коишто шијат облека за познатите светски брендови, како и во продавници, претходно во средата владата најави затворање на 18 фабрики, од безбедносни причини.Во понеделникот беше формирана владина комисија за проверка на 4.500 текстилни погони којашто ќе ги испитува почитувањата на стандардите за безбедност во овие фабрики каде што месечните плати изнесуваат помалку од 30 евра.
МакфаксБројот на смртно настраданите во најтешката индустриска несреќа во Бангладеш во четвртокот достигна 912, јавува Associ

loading...
Loading...