Бројот на активни случаи под 300, нема заразени од коронавирус во 10 града

Loading...

Епидемиолошката состојба со ковид 19 во земјава е стабилна. Вчера немаше регистриран смртен случај , а забележани се само осум нови лица заболени со коронавирусот.
Во Пехчево, Македонска Каменица,Дојран,Богданци, Пробиштип, Берово, Свети Николе, Ресен, Кавадарци и Демир Капија нема ниту еден активен носител на вирусот.
Индсикиот вид беше регистрирана кај втор пациент во земјав.
„Нова форма на мутација која може да биде позаразна од сегашните активни е присутна насекаде. Но, што е многу важно, дека буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Епидемиолошките анкети покажаа дека нема потреба од дополнителни мерки“,кажа министерот за здравство Венко Филипче.
Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.

loading...
Loading...