Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 15 МИЛИОНИ

Loading...

Повеќе од 15 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во светот, покажуваат податоците на сајтот Worldometers. 

Исто така, според овие податоци, повеќе од девет милиони луѓе, поточно 9.015.284 од нив, биле излечени од коронавирусот.

Во светот, како што е прецизирано, 15.009.102 лица се разболеле од коронавирусот, а починале 616.488 лица. 

Најголем број заразени и починати лица е потврден во САД, каде што се регистрирани повеќе од четири милиони случаи и 144.730 смртни случаи од последиците од вирусот.

На второ место по бројот на заразени и мртви е Бразил со повеќе од два милиони пациенти и 80.000 жртви. Меѓу заразените е и претседателот на земјата, Јаир Болсонаро.

Само Индија има повеќе од еден милион заразени, од кои 28.771 лица починале како резултат на вирусот.

Русија има близу 800 000 заразени лица, поконректно 783.328, а Република Јужна Африка е на петтото место со значително помал број на пациенти, односно 381.798.

Велика Британија е на третото место по бројот на полинати, зад САД и Бразил. Во таа земја, 45.422 лица починале како резултат на коронавирусот, а 295.817 се заразени.

 

loading...