Бројот на невработени во Шпанија надмина шест милиони

Loading...

Стапката на невработеност во Шпанија во првото тромесечје од годината достигна ново рекордна вредност од 27,16 отсто, со што бројот на невработени во четвртата по големина економија надмина вртоглави шест милиони, покажуваат најновите податоци на државниот завод за статистика.Станува збор за највисока стапка на невработеност во таа држава од седумдесетите години од минатиот век од кога започна официјалното собирање на податоци.Во првите три месеци од годината на армијата невработени им се придружиле уште 237.400 Шпанци, со што вкупната бројка достигна 6,2 милиони.Во последните три месеци од минатата година, невработеноста изнесуваше 26,02 отсто.Некогашниот мотор во генерирањето на работни места во еврозоната, Шпанија денес мачи мака со длабоката рецесија и никако не успева да излезе од кризата предизвикала со колапсот на пазарот на недвижнини. Претходно бумот со недвижнините и овозможуваше на шпанија стапка на раст која за над 10 години го надминуваше просекот на ЕУ.
МакфаксСтапката на невработеност во Шпанија во првото тромесечје од годината достигна ново рекордна вредност од 27,16 отсто,

loading...
Loading...