Брука, Мицковски се замислувал дека е Хувер… следел се живо и диво

Се појави втор текст на ДОКАЗ со извештаи кои се испраќани до Мицковски, во стилот на Хувер, долгогодишниот шеф на ФБИ, кој за сите свои неистомисленици и потенцијални непријатели имал досиеа. Ова е скандал од големи размери. Прочитајте го изворни извештајот за кој Мицковски молчи. Детево се игра политика…
Според извор од СДС, наскоро Бучковски влегува во Владата како советник, генералниот секретар на СДС Кирацовски ќе биде сменет и на негово место ќе биде имеиуван Манчевски или Министерот за земјоделие Ннколовски.
Дополна и насоки
На членовите на работните групи на терен дадени се насоки за прибирање на податоци за состојбите и подготовка на анализи во сите реони со рок на завршување 30.03.2018 година.
После доставените информации од соработниците и за состаноци во партиските простории помеѓу Потпретседателот Александар Николоски со членот на ИК Костадин Богданов и заменикот ген. сек. Петар Богоески и приватните средби на Богданов со членовите на ИК Трајко Славески и Игор Николов, се спроведува насоката на Претседателот за оперативна обработка и на Николовски, Славески и Нмколов. Веќе е започната и обработката на баџанакот на Претседателот Мицковски.
Кон овој извештај изработени се како прилог 1 и 2 две анализи и тоа: Анализа за влијанието на Јанко Бачев и Единствена Македонија врз членството на ВМРО-ДПМНЕ на терен и Анализа на капацитетите и влијанието на влијателни лица и членови на ВМРО-ДПМНЕ во делот од комитетите во југоисточна Македонија.
Прилог 1 – Анализа за влијанието на Јанко Бачев и Единствена Македонија врз членството на ВМРО-ДЛМНЕ на терен Прилог 2 – Анализа на капацитетите и влијанието на влијателни лица и членови на ВMPO-ДПМНЕ во делот од комитетите во југоисточна Македонија
Доставено до:
-Претседател на ВМРО-ДПМНЕ (лично на рака)
-во архива на група за проценка и анализа (во електронска форма)
Сите текстови со документи за параполицијата на Мицковски ТУКА
Извор: ДОКАЗ

Loading...