Брускети со песто и домати

Loading...

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
багет
песто од босилек
свежи домати
црвен кромид
рендана моцарела
листови свеж босилек
сол


ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
Вклучете ја рерната на 250°C да се загрее. Во меѓувреме спремете ги брускетите.
Исечете ги багетот, доматите и кромидот на тенки кришки. Потоа кришките кромид исечете ги на половинки па раздвојте ги со раце на тенки стапчиња.
Секоја кришка премачкајте ја со песто па врз него ставете по една кришка домат. Посолете. Потоа доматот прекријте го со рендана моцарела и на крајот додадете по неколку стапчиња од кромидот.
Наредете ги кришките во плех обложен со хартија за печење и ставете ги да се печат. Брускетите се готови кога убаво ќе поруменат. Извадете ги од рерна и врз нив наросете сечкан свеж босилек.

loading...