Брус Вилис доби француско одликување за уметност

Loading...

На американскиот актер Брус Вилис му е доделано на церемонија во вторникот навечер високо француско одликување за уметност, а неговиот придонес на филмската уметност во повеќе од 33-годишната кариера.Медалот на холивудскиот акционен херој Брус Вилис на свеченоста во Париз, му го врачила француската министерка за култура Орели Филипети.„Му претставува голема чест што присуствувам тука и го примам ова високо одликување“, рекол актерот.Неговиот последен филм „A Good Day to Die Hard“, што е всушност петтото продолжение на серијалот „Умри машки“ во моментов се прикажува во кината низ Европа и САД.Син на американски војник, Брус Вилис е роден во Германија а потоа се преселил во Њу Џерси, и секогаш истакнува дека има симпатии кон Франција.„Во Париз и во Франција секогаш се чувствувам како дома. Тука се чувствувам многу пријатно и се радувам на секои ново доаѓање“, додал глумецот.Меѓу досегашните добитници на ова француско одликување се и британскиот актер сер Мајкл Кејн, британската рок легенда Дејвид Бови и американскиот вестерн јунак Клинт Иствуд.
МакфаксНа американскиот актер Брус Вилис му е доделано на церемонија во вторникот навечер високо француско одликување з

loading...