Бугарија и Романија надвор од Шенген зоната на неодредено

Loading...

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија во четвртокот повторно на неодреден период го одложија влегувањето на Романија и Бугарија во шенгенскиот простор, и најавија дека за тоа повторно ќе разговараат најрано кон крајот на годинава.

 
„Светот одлучи да разговара за тоа прашање повторно кон крајот на 2013 година”, изјави ирскиот министер работи Алан Шатер, кој претседаваше со состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија.
Таквата одлука уште пред неколку дена ја најави германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих во разговор за неделникот Der Spiegel објавен во неделата, кога рече дека Романија и Бугарија не се подготвени за влез во Шенгенската зона и дека Германија ќе вложи вето на нивниот прием. Освен Германија, двете најмлади и најсиромашни земји членки на ЕУ, во шенгенскиот простор во чиишто рамки нема гранични контроли, се спротиставија во четвртокот уште неколку земји, во прв ред Норвешка и Финска.
Германскиот министер Фридрих како главна причина за одбивањето на приемот на Бугарија и Романија во Шенгенската зона, ја наведе корупцијата во двете земји којашто би можел да има последици и врз лесното издавање визи за шенгенскиот простор.
Бугарија и Романија не успеваат да влезат во шенгенскиот простор и покрај тоа што Комисијата уште пред две години заклучи дека двете земји ги исполнуваат техничките услови за тоа, Меѓутоа, за одлуката да биде потврдена потребен е консензус од сите земји членки.
Makфакс
Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија во четвртокот повторно на

loading...
Loading...