Бугарскиот парламент ја прифати оставката на владата на Борисов

Loading...

 Бугарското Народно собрание ја прифати оставката на владата на премиерот Бојко Борисов, јавува БГНЕС.Гласале вкупно 214 пратеници, 209 пратеници гласале „за“, „против“ биле пет пратеници и еден бил  „воздржан“.Според БГНЕС, 111 пратеници од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов, 37 од КБ, 31 од ДПС и 14 од ЦК гласале „за”, „против” гласале петмина независни пратеници а еден независен пратеник бил воздржан.Народното собрание ја почна седницата со дебати, но во отсуство на премиерот, кој набрзо пристигнал. Во пленарната сала присуствуваа дел од министрите од владата на Борисов, а отсутен бил министерот за финансии, Симеон Џангов.Владата на Бојко Борисов избрана на 27 јули 2009 година е 87-та влада по ред од Ослободувањето на Бугарија во 1878 година и 12-та по демократските промени во 1989 година. Оваа влада е петтата влада што не го довршува мандатот од 1989 година до денес .Бојко Борисов во средата поднесе оставка по големите протести против скапите енергенси.
Макфакс
  Бугарското Народно собрание ја прифати оставката на владата на премиерот Бојко Борисов, јавува БГНЕС.

loading...