Бузаку за смената на Реисот: Ова е лична режија на Сулејман Реџепи

Loading...

Скендер Бузаку, кој од лани е во институционална битка за преземање на челната позиција во ИВЗ смета дека во одлуката за разрешување на поглаварот е вмешана политиката, но дека се е во лична режија на Сулејман Реџепи, кој, според него, за само неколку месеци ќе се врати на функцијата.
„Овие што наводно го сменија се со него. Целта е да се заштитат и да го прикријат сторениот криминал. Тие треба да дадат отчет бидејќи со децении го премолчуваат и поддржуваат уништувањето на ИВЗ. Сите тие треба да поднесат оставка поради колапсот до кој ја донесоа институцијата“, вели Бузаку во изјава за порталб.мк.
Според него, одлуката за избор на гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху за вршител на должноста претседател на ИВЗ е незаконска, бидејќи во тек е судски спор за позицијата.
„Сè уште сме на суд и ја чекаме одлуката. Назначувањето вршител на должноста претседател не е предвидено со Уставот на ИВЗ. Оваа функција не може да биде заведена ни во Централниот регистар, ниту на на кое било друго место. Додека има судска постапка, не може да се назначи друго лице за претседател на ИВЗ. “, вели Бузаку.

loading...