Бундестагот во септември ќе одобри датум за преговори со ЕУ

Како што соопшти владината прес-служба по средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин на која присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, Бундестагот во септември ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.
– Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно“, стои во соопштението.
Според соопштението премиерот Заев порачал дека земјата има целосна доверба во Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.

Loading...