Бурек ролнички

Loading...

Состојки
1 пакување од корите за бурек
200 гр изварка
1 јајце
1 кафено лажиче мешан зачин

Како и обично бидејќи постојано се бркам со времето, барам и готвам нешто што не одзема многу време. Така е и овој пат. Корите за овој бурек може да ги најдете во секој поголем маркет.
1. Во изварката ставаме мешан зачин, промешуваме убаво, секоја кора ја полниме и ја виткаме како мала ролна.
2. На крајот премачкуваме малку со разматено јајце, за да не се отворат во пржењето.
Ги пржиме во загреано масло додека не поруменат убаво од двете страни.
Кога се готови ги цедиме малку на кујнска хартија.
Совршен појадок со една чаша јогурт.

loading...