Важна причина зошто е подобро да јадете храна зготвена дома

Порачувањето готова храна секогаш звучи како полесно решение отколку готвењето. Но, подготвувањето на храната дома има повеќе придобивки отколку „изгубеното“ време и финансиите. Храната која ќе ја подготвите дома содржи значително помалку хемиски супстанци кои се штетни за здравјето.
Важна причина зошто е подобро да јадете храна зготвена дома
Едно истражување објавено во „Environmental health perspectives“ покажува дека порачувањето готова храна го зголемува нивото на штетните хемикалии наречени перфлуороалкилни супстанци (PFAS) во телото.


Станува збор за група хемикалии кои може да се најдат во многу производи кои се отпорни на вода, дамки или лепливи супстанци. Овие штетни супстанци се поврзуваат со многу здравствени состојби и болести, како ракот, проблеми со тироидната жлезда, намален имунитет и намалена плодност.
„Кога јадете хамбургер, забележувате дека тој не е завиткан во хартија. Тој е завиткан во хартија која има сјаен слој на неа, а тоа се тие перфлуороалкилни супстанци кои го спречуваат протекувањето на маслото и сосовите“, вели експертот Ренд Меклејн.
Одредени земји ја забраниле употребата на перфлуороалкилни супстанци поради нивните потенцијални штетни последици врз здравјето. Но, експертите велат дека е тешко да се забранат овие хемикалии бидејќи се група на повеќе токсини и претставуваат категорија, не само една супстанца.
За да открие дали јадењата зготвени дома имаат помалку перфлуороалкилни супстанци, истражувачите анализирале податоци од 10.106 учесници кои одговарале на детални прашања за нивната исхрана. Исто така, тие ги анализирале и примероците од крв на овие луѓе. Било откриено дека учесниците кои почесто јаделе храна подготвена дома имале значителни пониски нивоа на перфлуороалкилни супстанци во своето тело.


Како да го намалите внесувањето перфлуороалкилни супстанци?
Логичниот одговор е да одбегнувате консумирање храна која е спакувана, без разлика дали доаѓа од ресторан или од место за брза храна. Запомнете дека проблемот е во пакувањето, не во видот на храната. Така, може да порачате салата од најелитниот ресторан, но таа сепак може да содржи перфлуороалкилни супстанци од материјалот во кој е спакувана.
Треба да бидете внимателни и кога купувате храна во супермаркет. Некои пакувања, исто така, содржат перфлуороалкилни супстанци. Верувале или не, пуканките за подготовка во микробранова печка содржат најмногу перфлуороалкилни супстанци, велат истражувачите.
Конечно, се препорачува вадење на храната од пакувањето пред да се готви. Секоја енергија може да предизвика хемикалијата да се впие во храната.

Loading...