Важно известување за сите кои ќе летуваат во Грција од денес до 20 август

Помеѓу 14 и 18 август, на патиштата, плажите и летувалиштата ширум Грција се очекуваат поголеми гужви од вообичаените. Денеска Грците го прославуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, ден кој е прогласен за неработен. Се препорачува да се избегнува Грција до 20 август ако немате резервирано сместување, а особено ако патувате со мали деца. Исто така, можни се и поголеми задржувања на граничните премини и на патарините, па имајте го и тоа в предвид ако овој викенд ваш избор се токму грчките плажи.

Loading...