ВАКА ИЗГЛЕДА БРАТОТ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ: Се појавува само на неговите концерти

Loading...

Здравко Чолиќ и неговиот брат Драган неверојатно си личат.
Иако Здравко Чолиќ секогаш го чувал приватниот живот во строга тајност, неговата ќерка Уна неодамна стана честа појава во српските медиуми, а сега е откриено како изгледа неговиот брат Драган.
Браќата Чолиќ се многу поврзани и ја користат секоја можност да се видат и да уживаат во дружењето, а Драган е редовен посетител на неговите концерти.
Драган е активен на социјалните мрежи, каде често му велат дека сличноста меѓу него и Здравко е неверојатна.
Кога станува збор за неговата кариера, која е далеку од музичка, српските медиуми напишаа дека Драган наводно го купил оригиналниот рецепт за познатите сараевски ќебапи пред неколку години.
Здравко во неколку наврати за медиумите зборуваше за неговиот брат:
„Моите родители направија сè за да не истераат мојот брат Драган и мене на вистинскиот пат и ни дадоа се најдобро на нас двајца“, изјави тој еднаш за „Стори“.
Вака изгледа Драган, братот на Здравко Чолиќ:

loading...