ВАКА ИТАЛИЈАНИТЕ ПРАВААТ ЛЕСНА ВЕЧЕРА: Потребни ви се само 4 состојки!

Loading...

Овој оброк се подготвува за точно 15 минути, а најверојатно веќе ги имате состојките во кујната
Состојки:
Пакување тестенини по желба
Павлака за готвење (180мл)
1 чешне лук
1 лажица маслиново масло
Сок од 1 лимон и рендана кора од истиот лимон
Свеж магдонос
Подготовка:
Сварете ги тестенините да бидат ал денте. Во тава, пропржете го ситно исецкано чешне лук во маслиново масло. Додадете ја павлаката за готвење, сокот од лимон и кората од лимон. Исечете еден магдонос и додадете. Кога ќе проврие, додајте ги зготвените тестенини со неколку лажици од водата во која се вареле тестенините. Оставете да се крчка околу 5 минути. Во споменатите тестенини можете да додадете и мелени ореви или индиски ореви.
На здравје!

loading...
Loading...