Ваква храна никогаш не нарачувајте со достава до дома

Еден професионален готвач откри што никогаш не би нарачал за испорака до дома од ресторан.

Помфрит
Помфритот најдобро е да се јаде веднаш откако ќе се извади од фритеза. Има многу краток рок на траење. Кога ќе го ставите во картонска кутија, ја губи сета крцкавост.

Јајца
Омлет и слични јадења направени со јајца не се добри за испорака. Ако чекате за испорака, ризикувате да добиете лепливо јадење што никој нема да сака да го вкуси. Најдобро е омлетот сами да го подготвите дома и веднаш да го послужите.

Начос
Ова јадење е најдобро да се јаде веднаш, бидејќи само тогаш е вистинското нешто – комбинација од крцкав чипс и кремаст свеж прелив. Ниту најцврстите чипсови не можат да ја издржат „тежината“ на салсата, павлаката и гравот за време на транспортот. Наместо свежа храна, ќе добиете каша што не може да се јаде.

Пронајдете не на следниве мрежи: