Вакцината Sinopharm е помалку ефикасна против новиот делта сој

Loading...

Кинеската вакцина Sinopharm е помалку ефикасна против делта сојот отколку на другите варијанти, но тоа не значи дека не ги штити вакцинираните од тежок облик на болеста и смрт.
По прват студија за ефикасноста на оваа вакцина за спречување на заразување со делта сој, научниците истакнуваат дека доколку сте вакцинирани со Sinopharm, нема е веројатноста дека ќе завршите во болница.
Лабораториската студија која е направена во Шри Ланка утврди дека нивото на антитела кај луѓето кои ја примиле вакцината на Sinopharm е 1,38 пати помало при појава на делта сој.
Сепак, научниците тврдат дека по имунизацијата, вашиот имунолошки систем знае како изгледа непријателскиот вирус и веќе подготви залиха за борбата против вирусот, па затоа ако се вакцинирате и се заразите, шансите дека ќе завршите во болница или дека ќе починете од корона се многу мали.

loading...
Loading...