Ванилици со афион

Вкусни посни колачиња, малку поинакви од обичните ванилици, но неверојатно вкусни.
Потребно е:
250 г маргарин, на собна температура. 130 г шеќер во прав. 1 кесичка ванилин шеќер. 300 г брашно, 200 г мелен афион, џем, по желба.
Подготовка:
-Вклучете ја рерната да се загрее на 170 Целзиусови степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење.


-Во еден сад ставете ги маргаринот, шеќерот во прав и обичниот шеќер. Изматете ги убаво додека маргаринот не стане пенест. Додадете ги брашното и мелениот афион и со рака замесете тесто.
-Поделете го тестото на неколку дела и еден по еден развлечете ги меѓу две пластични фолии. Тргнете ја горната фолија и со чаша или калап исечете кругови од тестото. Наредете ги круговите тесто на хартијата во тавите и ставете ги да се печат во загреана рерна 8-10 минути.
-Печените колачиња оставете ги малку да се изладат затоа што ќе бидат меки, а потоа префрлете ги во чинија и оставете ги убаво да се изладат.
-Изладените колачиња спојувајте ги две по две со џем. Чувајте ги во метална кутија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.