Вардарки загубија и од Локомотива

Loading...

Ракометарките на Вардар забележаа нов пораз во Регионалната лига, во Скопје тие загубија од Локомотива со 25:28.

Вардар, кој во преодниот рок донесе неколку респектибилни имиња во женскиот ракомет, никако не успева да ја најде вистинската форма, откако во Купот на ЕХФ загуби и испадна од Кубан, во петокот беше поразен од Подравка, што значи дека поразот од Локомотива е трет во серија. Лошиот период во второто полувреме кога 10 минути не постигнаа гол, а противничките направија серија од 7:0 го чинеше пораз избраничките на Индира Кастратовиќ. Билјана Црвенковска со осум голови беше најефикасна во редовите на ЖРК Вардар, по тро погодоци постигнаа Пецевска, Штериова и Виноградова. Локомотива ја предводеше Смиљаниќ со пет голови. ЖРК Вардар во следното коло ќе и гостува на Подравка, натпреварот ќе се одигра на 2.март.
Макфакс
Ракометарките на Вардар забележаа нов пораз во Регионалната лига, во Скопје тие загубија од Ло

loading...