Вартоломеј го повика Франсиск да му се придружи во Светата земја

Loading...

Екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј Први го повика римокатоличкиот папа Франсиск Први, со кој се сретна во средата на приватна аудиенција, заедно да ја посетат светата земја следната 2014 година, соопшти новинската агенција за верски прашања Asianews.Цариградскиот патријарх предлага на тој начин да се одбележи 50-годишнината од средбата во Светата земја на патријархот Атенагора и папата Павле Шести, зачетниците на дијалогот меѓу православните и католичките христијани.Вартоломеј Први, инаку е првиот цариградски патријарх кој од црковниот раскол во 104 година учествуваше на литургијата на востоличувањето на некој папа. Новиот поглавар на Римокатоличката црква, во средата го прими на приватна аудиенција, а според агенцијата Asianews, двајцата црковни поглавари веќе одредиле низа области на кои заедно ќе дејствуваат, како на пример теолошкиот дијалог и заштитата на околината, а било разговарано и за посета на Фенер, историската област на Истанбул во која е столицата на православниот цариградски патријарх.Папата Франсиск повикал на „единство на сите кои веруваат во Исус“ и на „подобра соработка“ меѓу христијаните. Патријархот Вартоломеј притоа го истакнал „искустовото на Добриот Самарјанин латиноамериканскиот папа“ кој е особено чувствителен на „човековата сиромаштија и патењето“.Папата Франсиск, исто така, во приватна аудиенција во средата го прими и митрополитот Хиларион, своевидниот „министер за надворешни работи“ на Руската православна црква.
MакфаксЕкуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј Први го повика римокатоличкиот папа Франсиск Први, со кој се сретна

loading...