Васкова торта

ЗА ПАНДИШПАН
10 јајца
250 г шеќер
250 г мелени бадеми
2 лажици брашно
ЗА ФИЛ
250 г маргарин
10 лажици шеќер во прав
100 г чоколадо
ЗА УКРАСУВАЊЕ
3 шлаг крема од чоколадо
300 мл млеко
Белките изматете ги со шеќерот, и додадете ги бадемите и брашното. Измешајте ја смесата, испечете пандишпан и исечете го на 3 кори.
Од жолчките и шеќерот во прав на пареа сварете крем и изладете го. Соединете го со изматениот маргарин и во филот додадете го растопеното и изладено чоколадо.
Филувајте 2 кори од пандишпанот, нанесете ја третата и целата торта премачкајте ја со изматениот шлаг крем.