Васко Белески: Искрено се срамам поради луѓето кои ги сметав за нормални а кои гласаа за Заев

Loading...

Статус на Васко Белески бележи огромни реакции во последните 24 часа, па токму поради тоа се определивме да го пренесеме во целост. – После денешната изјава, предпоставувам дека Заев е под тешки дроги или некое модерно магнетно зрачење на растгројство и не е свесен за своите постапки, бидејќи свесен човек неможе пред цела една Нација да каже: „Граѓаните да бидат спокојни, нема да дозволам да се промени уставното име на Република Македонија„ за девет месеци подоцна да ни соопшти дека се договорил новото име на Република Македонија да биде Република Илинденска Македонија и истото ќе биде имплементирано во Уставот! Искрено се срамам поради луѓето кои ги сметав за нормални а кои гласаа за Заев, а денес сега ќутат , молчат и се кријат како да им дошол судниот ден.
Едно мора да биде јасно, овде не се работи за промена на некакво си име на фирма, овде се работи за нашите чувства,, за нашето достоиниство, за нашата одгвороност која сме ја презеле од нашите дедовци за да ја предадеме на на идните генерации, овде се работи за едно основно човечко право, а кое ни овозможува да имаме право на определба на свое име и идентитет, право на негување и промовирање на својот мајчинијазик. И НИКОЈ, АМА БАШ НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА НИ ГО ОДЗЕМА ТОА ПРАВО!

Статус на Васко Белески на Фејсбук

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...