Вашата кожа бара што повеќе лубеници

Loading...

Лубеницата се состои од 93 % вода и речиси не постојат природни намирници кои можат да ни ја хидрираат кожата како ова овошје. Покрај водата во лубеницата присутни се и витамините А, Б6 и Ц, кои Вашата кожа ќе ја ревитализираат и ќе ја заштитат од сонцето.
За сува кожа
Измешајте лажица сок од лубеница со лажица органски мед. Медот на природен начин ќе доведе влага во сите слоеви на Вашата кожа и ќе ѝ помогне на лубеницата двојно да ја одработи својата работа. Оваа маска нанесете ја на лицето и оставете да делува 15 до 20 минути, а потоа измијте го лицето со топла вода.
За мрсна кожа
Една лажица сок од лубеница измешајте со една лажица грчки јогурт. Ензимите и млечната киселина ќе ја исчистат кожата, додека лубеницата ќе ја хидрира. Нанесете од маската на лицето и вратот и оставете да делува 10 минути пред да се измиете.


За кожа оштетена од сонцето
Едноставно, натопете памук во сок од лубеница и третирајте го подрачјето каде сонцето најмногу Ве фатило. Оставете сокот да стои на кожата 15 минути, а потоа измијте се со ладна вода.
За зрела кожа
Измешајте лажица сок од лубеница со лажица пире од авокадо. Авокадото е богато со Омега 3 масни киселини кои помагаат за ревитализација на кожата како и витамините Ц и Е, кои делуваат како силен антиоксиданс во успорувње на процесот за стареење на кожата. Нанесете од маската на лицето и оставете да делува 20 минути, а потоа измијте со ладна вода.
За акни и воспалена кожа
Една лажица сок од лубеница измешајте со една лажица пасирана банана. Познато е дека бананата содржи витамини Б2, Б6 и Б12 кои спречуваат воспаление и во исто време ја прават кожата мека, додека лубеницата ја хидрира кожата и ги неутрализира маснотиите. Маската на лицето чувајте ја 10 до 15 минути, па измијте.

loading...