Вашите фотографии на Инстаграм кажуваат за вас многу повеќе отколку што мислите

Loading...

Што кажуваат бојата и филтерот на фотографијата?
Вашите фотографии на Инстаграм кажуваат за вас многу повеќе отколку што мислите
Во едно истражување, научниците ги анализирале профилите на 179 луѓе – тука влегле во игра вкупно 25.394 фотографии. Истражувањето се фокусирало на бојата како еден од клучните елементи за стилот. Тие забележале дека луѓето кои се во врска почесто објавувале фотографии со светли бои, за разлика од оние кои биле сингл. Исто така, светлите филтри биле почесто користени од екстровертите и луѓето склони кон нарцизам.


Истражувачите од Универзитетот Харвард и Универзитетот во Вермонт анализирале 43.950 фотографии на Инстаграм корисници и откриле дека луѓето со депресија почесто објавуваат фотографии. Покрај тоа, најчесто на нивните фотографии главниот фокус бил лицето и овие луѓе поретко користеле филтри. Фотографиите на депресивните луѓе имале повеќе темни, сини и сиви нијанси и често биле и црно-бели.
Што кажува темата на фотографијата?


Вашите фотографии на Инстаграм кажуваат за вас многу повеќе отколку што мислите
Дали сте личност која не сака безброј фотографии со храна на Инстаграм? Изгледа дека овие фотографии можат да бидат од корист. Истражувачите дошле до заклучок дека кога луѓето споделуваат фотографии од нивната храна и рецепти, полесно им е да се држат до здравата исхрана, па дури и да ослабат. Со ова Инстаграм профилот се претвора во дневник за исхрана, додека допаѓањата и коментарите од пријателите ќе ве мотивираат да продолжете со здравиот начин на исхрана.
Некои експерти сметаат дека луѓето кои објавуваат многу фотографии со нивниот партнер се обидуваат да ги прикријат проблемите што ги имаат во врската. Коментарите како „мојата девојка“ или „моето момче“ можат да бидат знаци на посесивност.


Што друго може да се открие од вашиот профил?
Вашите фотографии на Инстаграм кажуваат за вас многу повеќе отколку што мислите
Луѓето помлади од 25 години поретко се смеат на фотографиите. Ова го откриле истражувачите од Државниот колеџ во Пенсилванија и Кралскиот колеџ во Лондон.
Инстаграм корисниците кои ги означуваат нивните пријатели во фотографиите поретко се соочуваат со осаменост. Луѓето кои објавуваат фотографии кои не се насочени кон некого и кои не ги мотивираат другите да започнат дискусија се чувствуваат поосамено.
Селфи фотографиите не секогаш се знак за нарцизам. Постојат 3 видови љубители на селфиња – комуникативни, автобиографи и луѓе кои се рекламираат. Првите објавуваат фотографии со цел да започнат дискусија со нивните следбеници и пријатели. Автобиографите прават селфи фотографии за да ги зачуваат убавите моменти од нивниот живот. Не им пречи другите да им ги гледаат фотографиите, но ги прават само за себе, а не за да собираат допаѓања. Луѓето кои се рекламираат сакаат да го покажат речиси секој аспект од нивниот живот и се обидуваат да се прикажат во најдобро светло.

loading...