Жена од Кина(41) го убила својот сопруг, а потоа и себе додека учела да се паркира со автомобилот. Трагедијата да биде поголема, несреќата се случила пред очите на нивната 6-годишна ќерка, која се наоѓала во автомобилот.
Страшната несреќа се случила во подземна гаража во градот Нингбо. Жената која е именувана по презимето Лин предизвикала трагедија така што се обидела да го внесе својот автомобил на еден дел од паркиг просторот. Мажот се наоѓал зад автомобилот обидувајќи се да ја наведе.
Како пренесуваат медиумите во Кина, жената буквално го „залепила“ својот маж за ѕид. Кога ги слушнала неговите крици, се обидела да види што се случува па ја изнела главата низ прозор, меѓутоа наместо да ја промени брзината и да појде напред, колата пошла назад, а Лин удрила со главата во столбот. Мажот починал на лице место додека пак жената починала на пат до болница.Жена од Кина(41) го убила својот сопруг, а потоа и себе додека учела да се паркира со автомобилот. Трагедијата да биде