Велешанец заврши во притвор поради силување

Loading...

Велешанец заврши во притвор поради силување

Во два наврати, во два дена ја силувал својата комшивка.

М.С. е задржан за понатамошна постапка, а за настанот е запознаен Јавен обвинител. Увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчитување на случајот. Судија кој што ја води постапката определил 30 дневен притвор за инкриминираното лице.

Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На 17.9.2020 околу 22.00 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...