ВЕЛИГДЕН – СИМБОЛИТЕ И НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ

Loading...

ВЕЛИГДЕН – СИМБОЛИТЕ И НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ

Многу од денешните обичаи поврзани со Велигден имаат потекло од античко време или од Средниот век. Знаете ли од каде доаѓа името на празникот и каква е врската меѓу велигденското зајаче и велигденскиот оган?

Велигден е најзначајниот празник за христијаните, бидејќи на овој ден се празнува воскреснувањето на Исус.

Велигден е празник над празниците, центар на православната вера. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта. Велигден и празниците поврзани со него секоја година паѓаат на различен датум. Пред одбележувањето на најголемиот христијански празник, претходи четириесетдневен пост. Постот претходи на Велигден, но на него се надоврзува последната седмица пред Велигден која се нарекува Страсната седмица. Таа почнува од Лазарева сабота и Цветници, кои се врзани празници. Овие два празника всушност се влез во Страсната седмица. За верниците, периодот пред празникот претставува патување исполнето со: покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење.

Kонечно, најден е физички доказ дек Бог постои!

ЗОШТО Е ВАЖНА ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА ПРЕД ВЕЛИГДЕН?
Затоа што таа е подготовка за дочекување на главниот празник, на Велигден. Последната седмица пред Велигден е специфична и е страдална седмица и затоа се нарекува Страсна или Страдална седмица. Тогаш се интензивираат и службите во православните цркви.

ВЕЛИКИ ПЕТОК ИМА ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРОСЛАВАТА НА ВЕЛИГДЕН.
Велики петок е ден кога под крстот на Христос останале само апостол Јован, Богородица и уште неколку жени. Тоа го сториле мотивирани од љубовта кон Христос. Велики петок е ден кога се исполнува сè по што следува оплакувањето и период на тридневен молк. Од моментот на оплакување следува период на исчекување на воскресението.

ШТО СЛЕДУВА ВО САБОТА?
Со означување на Христосовото воскресение, значајно е да се напомене дека оние кои постеле треба да се причестат. Целта на Христосовото доаѓање на Земјата е да може човека да го издигне на небото. Местото или настанот каде тоа се случува е причестувањето или влегувањето во реална мистична заедница со Бога. Причестувањето најсоодветно е да се прави на бдението вечерно, откако ќе се објави дека е полноќ, 12 часот и откако ќе се заврти три пати околу црквата. Некои луѓе кои не можат да издржат се причестуваат на саботната литургија, а некои на утринската литургија.

7 едноставни молитви за секој ден со кои ќе бидете посилни!

Црвеното јајце е симбол на празнувањето на Велигден. Дали бојадисувањето јајца во други бои е соодветен чин?
Црвеното јајце на Велигден е основен и вообичаен симбол кој може да се толкува на разни начини. Се разбира дека е соодветно да се бојадисуваат јајца во разни бои, на што особено се радуваат децата. Боењето и украсувањето на јајцата е одраз на личната креативност, внимание и љубов.

На Велигден се поздравуваме со поздравот “Христос воскресе!”, а возвраќаме со поздравот “Навистина воскресна”.
Овие поздрави се протегаат се до Спасовден и тоа е период на славење. Првата седмица по Велигден, до Томината недела, се нарекува Светла седмица. Специфична е по тоа што според празнувањата е најсветиот период во годината.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...