Велика Британија денес официјално ќе воведе санкции врз двајца крајно десничарски израелски министри поради нивните коментари за Газа, објави „Тајмс“.
Санкциите значат дека на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрих и министерот за безбедност Итамар Бен-Гвир ќе им биде забранет влез во Велика Британија, а на сите финансиски институции со седиште во земјата ќе им биде забрането да соработуваат со нив.
„Тајмс“ наведува дека Смотрих го одобрил проширувањето на населбите на Западниот Брег, што е нелегално според меѓународното право, и дека водел кампања против дозволувањето хуманитарна помош да влезе во Газа, и дека претходно рекол дека нема да дозволи „ниту зрно пченица“ да влезе во воената зона, додека Бен-Гвир се залагал за претворање на џамијата Ал-Акса во Ерусалим во синагога и протерување на Палестинците од Газа.