Венгер верува во чудо, Малага пред историски успех

Loading...

Листата на учесници во четврт финалето, во фудбалската Лига на шампиони, ќе биде комплетирана во среда со одигрувањето на натпреварите Баерн Минхен-Арсенал и Малага-Порто.

Баерн само чудо може да го оддалечи од пласманот меѓу најдобрите осум екипи во Европа, со оглед на тоа што како гостин го совлада Арсенал на првиот меч со 3:1. Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, смета дека неговиот тим има реални шанси да се пласира во четврт финалето.„Елиминацијата на Баерн не е невозможна мисија. Мораме да биде максимално посветени и да веруваме во себе, само така работите ќе можат да тргнат во вистинската насока“, изјавил Венгер, кој нема да може да смета на Начо Монреал, кој нема право на настап, додека Вилшир мечот ќе го пропушти поради повреда, а неизвесен поради повреда на коленото е Сања. Проблеми со составувањето на тимот има и тренерот на баварците, Јуп Хајнкенс – Рибери е повреден, додека поради суспензија нема да играат Боатенг и Швајнштајгер. Местото на Рибери ќе го пополни Робен, холандскиот репрезентативец не е стандарден оваа сезона, но одигра добри 20 минути на првиот меч во Лондон. „Очекував дека на првиот меч Арсенал ќе пружи поголем отпор. Сепак, мојот тим одигра извонреден меч, со кој покажавме дека сме меѓу фаворитите за освојување на трофејот“, рекол Робен. Задачата на Арсенал ќе биде уште потешка и поради формата во која се наоѓа Баерн, овој тим последен пат е поразен во октомври минатата година, оттогаш има забележано 19 победи на 23 одиграни натпревари во сите натпреварувања. Многу понеизвесен меч се очекува да одиграат Малага и Порто, првиот меч португалскиот првак го доби со минимален резултат 1:0. Играчите на Малага, веруваат дека тимот во својата дебитанска сезона во Лигата на шампиони може да избори пласман меѓу најдобрите осум екипи.„Играме на домашен терен, пред нашите навивачи, оваа шанса мора да ја искористиме. Сите во екипата знаат дека ова е најважниот натпревар во историјата на клубот“, смета Португалецот во редовите на Малага, Дуда. Натпреварите во Минхен и Малага ќе започнат во 20:45 часот. Инаку, пласман во четврт финалето во Лигата на шампиони веќе изборија: Реал Мадрид, Јувентус, Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Барселона и Галатасарај.
Макфакс
Листата на учесници во четврт финалето, во фудбалската Лига на шампиони, ќе биде комплетирана

loading...