Венетски: МИЦКО ДОСТА ГЛУМИШ ПАТРИОТ И БАРАШ НЕПРИЈАТЕЛИ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОТИВ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

Новинарот и член на Македонски манифест, Дардан Венетски се обрати до Мицковски и му порача да престане да глуми патриот. Ова предизвика бура од поддршка од неговите пријатели на Фејсбук. Дел од рекациите подолу:

Јавно те прашувам, дали знаеш што сакаш? Прво бараше четири измени во Преговарачката рамка за да ја прифатиш. Потоа депонираше нотарски изјави од пратениците против уставните измени. Сега бараш референдум за отфрлање на Преговарачката рамка, а го криеш референдумското прашање. Која ти е целта и што криеш? Доста го манипулираш народот, ние не пиеме нафта. Многу добро знаеме дека основ за негирање на македонскиот идентитет и јазик, суверенитетот и историското и културното наследство не е ниту Преговарачката рамка, ниту Протоколот, туку Договорот за добрососедство на кој истите се темелат. Џабе референдум за отфрлање на Протоколот ако остане Договорот за добрососедство. Да те потсетам што стои во тој договор:

1. Со него ни се негира македонскиот јазик, дефиниран според уставот донесен по Втората Светска Војна

2. Се негира постоењето на македонско малцинство во Бугарија и се бара наше откажување од нив

3. Ни се суспендира суверенитетот и основните принципи во дипломатијата како што се: рамноправност на државите и народите, реципроцитетот и немешањето во внатрешните работи

4. Ни се негира историското и културното наследство
Затоа во услови на постоење на овој договор, отфрлањето на преговарачката рамка е обична фарса. Ако си маж и патриот јавно побарај раскинување на овој договор. Но, ти за ова немаш храброст, а не ти дозволуваат ни менторите. Место тоа ти само верглаш „НОВИ ИЗБОРИ“. А што кога ќе ги добиеш? Тогаш веројатно ќе верглаш нова песна „НЕМА ШТО ДА СЕ ПРАВИ, ЗАВРШЕНА Е РАБОТАТА,ЗАТОА ШТО ПРЕТХОДНИЦИТЕ ГО ПРОДАЛЕ ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ“.

Мицко, твоите гаранции и депонираните нотарски изјави не вредат ниту пет пари. Народот од тебе очекува две работи:

1. Јавно да побараш раскинување на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.

2. Да ги вратиш пратеничките мандати и да го напуштиш собранието за да не ти купат 6 пратеници, колку што им фалат за нови уставни измени.

Ако тоа се случи, ти и твоите соработници во раководството на ВМРО ќе бидете соучесници во злосторот према македонскиот народ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.