Венецуела со простува од Чавез

Loading...

Стотици илјади тажни Венецуелци го пратеа во средата ковчегот со претседателот Уго Чавез во текот на трогателната поворка во главниот град Каракас каде е поставен одар поради одавање последна почест на покојниот претседател пред церемонијата на погребот којашто ќе се изврши во петок.Придружуван од „црвените баретки“ почесната претседателка гарда, процесијата на пренесување на ковчегот со телото на починатиот харизматичен претседател, кој почина по две годишната битка со ракот на 58-годишна возраст по 14 години на чело на со нафта богатата Венецуела, траеше цели седум часа по улиците на престолнината Каракас.Ковчегот беше отворен во текот на ноќта на одарот во Воената академија каде што на Хуго Чавез му се поклонија многу истакнати личност, меѓу кои и заменик-претседателот Николас Мадуро, политичкиот наследник кого го одреди самиот Чавез, како и претседателите на Аргентина, Уругвај и Боливија.Во текот на целата процесија под сјајното сонце,поворката ја опкружуваше маса од неколку стотици илјади луѓе, повеќето облечени во црвената „чавистичка“ боја. Повеќето плачеа, додека масата извикуваше пароли како што се „Ние сме Чавез“ и „Нашиот командант живее вечно“.Претходно венецуелската влада прогласи седумдневна жалост и објави дека закопот ќе се одржи во петок.До новите избори, коишто по уставот на земјата мора да се одржат во рок од 30 дена, земјата ќе ја води заменик-претседателот Мадуро.
МакфаксСтотици илјади тажни Венецуелци го пратеа во средата ковчегот со претседателот Уго Чавез во текот на трогателнат

loading...