Веселба, па трагедија

Loading...

Два часа по свадбената веселба во саботата вечерта младенците Вилијам Бајлер и Бејли Акерман,  двајцата на последна година од студиите на Државниот универзитет во Хјустон, Тексас се качиле во хеликоптер и заминале од свадбата. Но, на само неколку километри од нивниот ранч, на кој гостите останале да прославуваат, хеликоптерот се урнал. Покрај младенците во срушениот хеликоптер загинал и пилотот, а истрагата за несреќата е во тек.

loading...